Emre Gürkan Abay
04 Јануари 2018•Ажурирај: 04 Јануари 2018
МОСКВА (АА) - Најмалку двајца руски војници загинаа во минофрлачки напад на руската база Хмејмим, во југоисточниот сириски град Латакија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Оваа информација ја потврди Министерството за одбрана на Русија, во чие соопштение се наведува дека на 31 декември 2017 година, сè уште непознати групи извршиле минофрлачки напад на воената база.
Потврдено е дека загинале дваца руски војници, и нагласено е дека не се точни тврдењата дека како последица на нападот се уништени седум руски борбени авиони.
Сириските разузнавачки служби работат на откривање на сторителите на овој напад, а во базата се зајакнати безбедносните мерки.
Одредени руски медиуми што се повикуваат на воени и политички извори, објавија дека нападот на базата во Сирија го извршиле опозициските групи и дека за време на нападот се ранети повеќе од 10 војници, а се уништени седум авиони.
Рускиот претседател, Владимир Путин, неодамна изјави дека дал наредба за повлекување на руските сили од Сирија, но кажа дека базите Хмејмим и Тартус ќе продолжат да дејствуваат.