Turgut Alp Boyraz
04 Јануари 2018•Ажурирај: 05 Јануари 2018
КУДС (АА) - Откако вчера, при првото читање во израелскиот Парламент (Кнесет) беше усвоен предлог-законот за воведување смртна казна за Палестинци, Европската Унија (ЕУ) испрати порака во која се вели дека станува збор за одлука која е спротивна на човековото достоинство и претставува нечовечна и понижувачка постапка, јавува Anadolu Agency (AA).
Тие потсетија дека предлог-законот за воведување смртна казна е усвоен со 52 гласа „за“, и 49 „против“. ЕУ смета дека е неопходно парламентот уште два пати да го изгласа овој предлог-закон за да биде имплементиран.
Предлог-законот дојде на дневен ред поради Палестинецот кој уби три лица на Западниот Брег. Законот го предложи министерот за одбрана на Израел Авигдор Либерман, а отворено го поддржа и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
Во своите изјави Либерман отворено се залага смртната казна да се применува само на Палестинци.
Според овој предлог-закон, воените судови во Израел ќе можат да донесуваат одлуки за смртната казна за „злосторства извршени со знаци на тероризам“.
Смртната казна е предвидена со израелскиот воен закон за окупираниот Западен Брег, но никогаш досега не е изречена.