Ekip
04 Јануари 2018•Ажурирај: 05 Јануари 2018
АНКАРА (АА) - Редакцијата за вестите од Блискиот Исток при уредништвото на Anadolu Agency (AA) за меѓународни вести ќе продолжи со работа од Источен Кудс (Источен Ерусалим), јавува Anadolu Agency (AA).
АА која продолжува со активностите во рамките на визијата да стане една од највлијателните новински агенции во светот, по настаните околу Кудс (Ерусалим) донесе одлука да ја премести Редакцијата за вести од Блискиот Исток во Источен Кудс, кој е под окупација на Израел.
Светиот град стана центар на настаните од Блискиот Исток, каде што дојде до пораст на тензиите откако американскиот претседател Доналд Трамп го прогласи Ерусалим (Кудс) за главен град на Израел, а потоа Организацијата за исламска соработка (OIS) го прогласи Источен Кудс за главен град на Палестина.
АА во 2018 година ќе продолжи да ги зајакнува своите активности на Блискиот Исток и ќе ги раководи од Источен Кудс, кој претставува најзначајниот политички и верски центар во регионот.
Редакцијата на АА за вести од Блискиот Исток претходно се наоѓаше во главниот град на Либан, Бејрут.
Редакцијата за вести од Блискиот Исток при уредништвото на AA за меѓународни вести ги спроведува своите активности од канцелариите во Фес, Алжир, Либија, Тунис, Египет, Палестина, Израел, Либан, Јордан, Ирак, Иран, Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Катар, Кувајт, Бахреин, Оман и Јемен.