Aida Cako
19 Февруари 2025•Ажурирај: 21 Февруари 2025
ДЕИР АЛ БАЛАХ (АА) – Учениците во Појасот Газа се вратија во училишните клупи по прекинот на огнот, каде повторно започна наставата, јавува Анадолу.
Образовниот процес во Газа беше прекинат речиси една и пол година поради интензивните напади врз кампот за бегалци Нусејрат во Деир ал-Балах, во кои се предизвикани сериозни штети врз училиштата и другите образовни установи.
Наставниците и учениците се соочуваат со многубројни предизвици, а обидите за обнова на образовниот сектор продолжуваат во услови на ограничени ресурси.
Договорот за прекин на огнот во Газа стапи на сила на 19 јануари, со што беше запрена израелската геноцидна војна во која се убиени речиси 48.300 Палестинци, повеќето жени и деца, која ја остави енклавата во урнатини.
Во ноември минатата година Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант поради воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.
Израел, исто така, се соочува со тужба за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата поради своите постапки во енклавата.