АНКАРА (AA) – Меѓу настаните во светот кои ја одбележаа 2016 година се судири,те, политичките кризи, терористичките напади, несреќи и елементарни непогоди.
Она што ќе остане запаметено, според годишниот преглед на Anadolu Agency (AA), се терористичките напади во Брисел, обидот за државен удар во Турција, претседателските избори во Соединетите американски држави (САД), излегувањето на Велика Британија од Европската унија (Брексит), но и хуманитарната криза во Сирија која трае веќе неколку години.
Годината во заминување ја одбележа обидот за државен удар во Турција, кој на 15 јули го изведе терористичката организација ФЕТО. Терористите на оваа организација во текот на ноќта на 15 јули, пред тој да биде запрен, убија речиси 250 луѓе, а повеќе од илјада беа ранети.
Во многу земји се одржани претседателски и парламентарни избори, а треба да се издвојат оние во САД, на кои победи републиканскиот кандидат Доналд Трамп. Се истакнуваат и изборите во Мјанмар, на кои по 50 години владеење на воена управа, за прв пат беше избран цивил за претседател и тоа Хитин Кјав. На изборите во Тајван Цаи Инг-вен стана првата претседателка на таа земја.
Во текот на изминатите 12 месеци починаа голем број познати лица, меѓу кои се претседателот на Узбекистан Ислам Керимов, кралот на Тајланд Бхумилбол Абдуладеј, поранешните претседатели на Израел Шимон Перес, на Грција Константинос Сефанопулос и претседателот на Куба Фидел Кастро.
Во 2016 година почина и светски познатиот боксер Мухамед Али, како и италијанскиот писател Умберто Еко.
Меѓу најважните настани кои се случија во првите три месеци од 2016 година издвојуваме:
- 6. јануари – Северна Кореја соопшти дека ја тестирала хидрогенската бомба. Меѓународната заедница остро реагираше на овој чин на Пјонгјанг.
- 7. јануари - Во бомбашкиот напад на полицискиот центар за обука во градот Златан, во Либија загинаа 50 луѓе, 127 беа ранети.
- 8. јануари - Во Мексико е уапсен наркобосот Хоакин Гузман, познат под прекарот „Ел Чапо".
- 14. јануари – Заврши епидемијата на ебола во Западна Африка. Од епидемијата починаа 11.316 лица.
- 16. јануари- Меѓународната агенција за нуклеарна енергија (IAEA) соопшти дека Иран ги вовел сите потребни мерки за почеток на спроведување на нуклеарниот договор, после што САД и ЕУ и укинаа санкциите на Иран.
- 29. јануари - Започнаа преговорите за Сирија во Женева. Специјалниот пратеник на Обединетите нации (ОН) за Сирија, Стефан де Мистура се состана со делегацијата со режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад.
- 10. февруари - Од рацете на терористичката организација Боко Харам во провинцијата Борно, на североистокот на Нигерија спасени се 324 заложници.
- 12. февруари - Поглаварот на Римокатоличката црква папата Фрањо и поглаварот на Руската црква патријархот Кирли се состанаа на Куба. Станува збор за историски состанок на двајцата верски лидери од Големиот раскол во 11 век.
- 20. февруари - Почина писателот Умерто Еко во 84 година од животот. Светската слава ја стекна со делото Името на ружата. Неговите книги се преведени на многу јазици и продадени во милиони примероци.
- 26. февруари - Шефот на косовската дипломатија избран е за претседател на таа земја.
- 29. февруари - Доделена е најпрестижната награда во светот на дилмот, Оскар. Оскарот за најдобар филм го доби филмот ”The Revenant” (Повратникот), за најдобар режисер наградата ја доби Алехандро Гозалез Инариту, за најдобар актер Леонардо Ди Каприо, а за најдобра актерка, наградата ја добри Бри Ларсон.
- 2. март - Советот за безбедност на ОН едногласно ја усвои резолуцијата за проширување на постоечките санкции против Северна Кореа како одговор на нејзиниот нуклеарен тест на 6. јануари. Предлогот на резолуцијата претходно го договорија САД и Кина.
- 6. март- Во самоубиствен напад во ирачкиот град Ал Хилаху загинаа 52, а ранети се 100 лица. Одговорноста за нападот ја презеде терористичката организација ДЕАШ.
- 15. март - По 50 години владеење на воената управа во Мјанмар, прв пат е избран цивил за претседател и тоа Хитин Кјав.
- 18. март - Европската унија (ЕУ) и Турција потпишаа договор за реадмиција на бегалците.
- 19. март – Во падот на авионот на авиокомпанијата FlyDubai на југот на Русија, загинаа 61 лице.
- 20. март - Американскиот претседател Барак Обама ја посети Куба. Обама стана првиот американски претседател кој оваа земја ја посетил по паузата од 88 години.
- 22. март - Во Брисел се изведени терористички напади на аеродромот Завентем и метростаницата Мелкбек. Загинаа 32 лица, а 270 се ранети. Одговорност за нападот го презема терористичката организација ДЕАШ.
- 24.март - Радован Караџиќ е осуден на казна од 40 години затвор за геноцид, злосторство против човештвото и крешње на законот и обичаи на војување.
Меѓу најважните настани кои се случија во април, мај и јуни издвојуваме:
- 2. април - Во Нагорно Карабах ерменската војска отвори оган на положбите и населените подрачја на Азербејџан. Министерството за одбрана на Азербејџан соопшти дека во судирите до кои дојде се убиени 31 азербејџански војник и 240 ерменски војници.
- 3. април - Единаесет и пол милиони документи протекоа од компанијата Мосак Фонсека од Панама, која на бројни светски државници им помагала во перење пари и избегнување на плаќање данок.
- 5. април – Во поплавите и клизиштата во Пакистан страдаа 212 лица.
- 17. април - Во земјотресот со јачина 7,8 степени по Рихтер кој го погодил Еквадор, починаа 661 лице, а повеќе од шест илјади луѓе се повредени. Речиси 30.000 луѓе останаа без кров над глава, а штетата е проценета на три милијарди долари.
- 1. мај - Пожарите ја зафатија провинцијата Алберта во Канада. Огнената стихија во порполност уништи околу 2.000 стамбени и деловни објекти, а штетата е проценета на девет милијарди долари.
- 7. мај - Садик Кан е избран за градоначалник на Лондон. Кан е првиот градоначалник кој е муслиман.
- 15. мај - На 61. натпреварувње за песна на Евровизија победи Татарката Јамала, со вистинското име Сусана Јамаладинова. Таа победи со песната насловена "1944.", посветена на масовната депортација на Татарите од Крим 1944 година која ја наложи тогашниот советски лидер Јосиф Висарионович Стаљин.
- 23 мај - Турција беше домаќин на првиот Хуманитарен самит на Обединетите нации (ОН). Самитот е одржан во Истанбул, а присуствуваа повеќе од 60 шефои на државите и владите.
- 24 мај - Испразнет е бегалскиот камп во Идомени на грчко-македонската граница во кој се наоѓаа 9.000 мигранти.
- 4. јуни - Во 74. година од животот почина познатиот боксер и светскиот шампион во тешка категорија Мухамед Али.
- 12. јуни – Авганистанецот Омар Матен (29) во Орландо, сојузната американска држава Флорида усмрти 49 луѓе, а рани 53.
- 18. јуни- Египетскиот суд го осуди поранешниот претседател Мохамед Морси на вкупно 40 години затворска казна во случајот за наводна шпионажа за Катар.
- 23. јуни - Во Обединетото Кралство одржан е референдум за напуштање на Европската унија. ЕУ сакаа да ја напуштат 52 отсто од граѓаните.
- 25. јуни - Во нападот на рускиоте воени авиони со вакумска бомба на населението и џамијата во местото Ел-Курије, кое му припаѓа на сирискиот град Диер ез-Зор, загинаа 35, а ранети се 70 луѓе.
Anadolu Agency (AA) ги издвојува најважните настани во јули, август и септември:
- 7. јули - Во медитеранското море извелчени се 217 тела на мигранти чиј брод потонал на 18 април 2015 година.
- 14. јули - Во терористички напад во Ница убиени се 84, а ранети околу 200 лица. Во Франција е прогласена тридневна жалост.
- 15. јули - Воени лица лојални на терористичката организација Фетулаџи (ФЕТО), се обидоа да изведат државен удар во Турција. Терористите на ФЕТО во текот на ноќта убија речиси 250 луѓе, а повеќе од илјада беа ранети.
- 26. јули - Авион на соларна енергија "Солар Импулс 2" слета во Абу Даби и со тоа го заврши патот околу светот. Станува збор за првиот авион кој го завршил патот околу светот користејќи само соларен погон.
- 27. јули - Хилари Клинтон, ја објави официјално кандидатурата на претседателските избори во САД и со тоа стана првата кандидатка за шеф на државата САД.
- 6. август - Во поплавите кои го зафатија Скопско вечерта на 6 август, однесоа најмалку 22 човечки животи и нанесоа материјална штета на жителите во скопските населби.
- 9. август - Индијката Иром Шармила го заврши штрајкот со глад кој траел 16 години.
- 24.август - Во земјотресот со јачина од 6,2 степени по Рихтер кој ја погодил внатрешноста на Италија загинаа 292 лица.
- 11. септември - Хрватската демократска заедница (ХДЗ) на изборите во Хрватска освои 61 мандат.
- 21. септември - Во бродоломот на северот на Египет се утопија 204 лица. Спасени се 164 лица кои се наоѓале на бродот.
- 27 . септември - Американската администрација донесе одлука по 55 години да именува прв амбасадор во Куба, земја со која дипломатските односи ги прекина 1961 година. Избран е Џефри Де Лорентис.
- 28. септември - Во 93 година почина поранешниот претседател на Израел Шимон Перес.
Најважните настани кои го одбележија последното тримесечје од 2016 година:
- 2. октомври – На референдумот во Колумбија одбиен историскиот мировен договор кој предвидуваше запирање на судирите во земјата кои траат повеќе од половина век
- 3. октомври - Нобеловата награда за медицина ја доби јапонскиот научник Јошинори Охсуми.
- 4. октомври – Нобеловата награда за физија ја добија научниците Дејвид Џ. Тул, Ф. Данкан М. Халдан и Мајкл Костелиц.
- Ураганот Метју кој ги погоди Хаитити, Јамајка, Куба, Доминиканска Република и САД однесе околу 900 животи.
- 5. октомври - во 89. година од животот почина првиот претседател на Словачка Мишал Ковач.
- 16. октомври - На парламентарни избори во Црна Гора победи Демократската партија на социјалистите на Црна Гора (ДПС)
- 17. октомври - Во Ирак е покрената акција за ослободување на Мосул од терористичката организација ДЕАШ.
- 8. ноември – На претседателските избори во САД победи републиканскиот кандидат Доналд Трамп.
- 22. ноември - Азра Башиќ- осомничена дека извршила воени злосторства во текот на војната во БиХ, од САД испорачана е во БиХ.
- 26. ноември- Во 90 година почина поранешниот претседател на Куба Фидел Кастро.
- 29. ноември - Во авионска несреќа до која дојде во Колумбија починаа 72 лица, меѓу кои се наоѓаа и фудбалери на бразилскиот фудбалски клуб Чапекоенсе.
- 10. декември - Во терористички напад во Истанбул во близина на стадионот на фудбалскиот клуб Бешикташ убиени се 44 лица.
- 11. декември - Во несреќата до која дојде во Нигерија, откако што се урна кровот од црквата починаа повеќе од 200 луѓе.
- 11. декември - Во Македонија беа одржани четврти по ред предвремени парламентарни избори на кои најмногу мандати освои ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата За подобра Македонија.
- 15. декември - Во Сирија е постигнат доковор за прекин на огнот во источниот дел на Алепо. Од 15 ноември до тогаш режимските сили на сирискиот претседател Башар ал-Асад и нивните приврзаници убија 1.138 цивили.
- 16. декември - Во напад на евакуацискиот конвој кој тргна од источен дел на Алепо убиени се 14 луѓе.
-19. декември - Во терористички напад во Анкара е убиен рускиот амбасадор во Турција Андреј Карлов.
news_share_descriptionsubscription_contact
