Erbil Başay
31 Декември 2016•Ажурирај: 01 Јануари 2017
БЕРЛИН (АА) - Германската канцеларка Ангела Меркел осврнувајќи се на 2016 година, рече дека тоа беше година на потешкотии, и дека меѓу тие потешкотии без сомнение е тероризмот, јавува Anadolu Agency (AA).
„2016. година беше година на тешкотии", рече Меркел, додавајќи дека без сомнение, најголемата тешкотија е тероризмот кој во последните неколку години ја зафати Германија.
Тоа при тоа ги спомна терористичките напади во Вирцбург, Ансбах и последниот напад во Берлин.
„Посебно е болно и ужасно што нападите беа извршени од страна на оние кои во нашата земја дојдоа наводно да бараат заштита", рече Меркел.
Таа ги поддржа бегалците, истакнувајќи дека Германија треба да продолжи да им помога на оние на кои им е потребна помош, особено кога пред очите е пример како што е Алепо.
Меркел рече дека демократијата, правната држава државните вредности се спротивни од светот на тероризмот, свет полн со омраза.
Германската канцеларка се осврна и на теми кои ќе бидат отворени и актуелни во Германија во 2017 година.
„Заедницата, коректноста, нашата демократија и силна економија која е во служба за доброто на сите, е она што ни дава надеж за подобра иднина на крајот на една тешка година како оваа", рече германската канцеларка Ангела Меркел.