Şerife Çetin
03 Јануари 2020•Ажурирај: 04 Јануари 2020
БРИСЕЛ
НАТО одблизу ги следи случувањата во регионот во врска со убиството на генерал Касим Сулејмани, командатот на Силите на Ерусалим при Иранската револуционерна гарда, за време на воздушниот напад од страна на САД, јавува Агенција Анадолија (АА).
Дилан Вајт, заменик-портпарол на НАТО, во изјава за АА истакна дека продолжува блискиот контакт со американските власти што се однесува до моменталните случувања.
„НАТО одблизу ја следи состојбата во регионот“, рече Вајт, укажувајќи на важноста од безбедноста на нивниот персонал, кој се наоѓа во рамките на Мисијата за обука на НАТО во Ирак.
„Ќе продолжиме да ја испитуваме безбедносната средина и ќе ги преземеме сите потребни мерки“, додаде тој.