Gamze Türkoğlu Oğuz
03 Јануари 2020•Ажурирај: 03 Јануари 2020
АНКАРА
Претседателот на САД, Доналд Трамп, за првпат се обрати по американскиот напад и убиството на генерал Касим Сулејмани, командантот на Силите на Ерусалим, поврзани со Иранската револуционерна гарда, јавува Агенција Анадолија (АА).
Трамп на својот профил на социјалната мрежа Твитер напиша порака во која вели дека Иран никогаш не победил во војна, но никогаш нема загубено ниту едни преговори, оставајќи отворена врата за преговори со Иран.
Министерството за одбрана на САД (Пентагон) имаше објавено дека во нападот изведен во близина на аеродромот во Багдад се убиени генерал Касим Сулејмани, командантот на Силите на Ерусалим поврзани со Иранската револуционерна гарда, и Ебу Мехди ал Мухендис, заменик-претседателот на проиранската организација „Хашд ал Шаби“.
Иранскиот верски лидер, ајатолахот Али Хамнеи, претходно изјави дека ќе се одмаздат за американскиот напад. Хамнеи прогласи и тридневна национална жалост, објавувајќи дека на американските сили остро ќе им се возврати.