Ata Ufuk Şeker
15 Февруари 2018•Ажурирај: 15 Февруари 2018
БРИСЕЛ (АА) - Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во врска со случувањата во Егејското Море помеѓу Турција и Грција рече дека страните треба да го избегнуваат кревањето тензии за во иднина да не дојде до слична напнатост, јавува Anadolu Agency (AA).
Генералниот секретар на НАТО изјави дека за напнатоста во Егејското Море помеѓу Грција и Турција разговарал со министрите за одбрана на двете земји и повикал на умереност. Тој позитивно го оцени и телефонскиот разговор на премиерите на двете земји, сметајќи дека е потребно да се продолжи со комуникацијата.
„Страните треба да избегнуваат зголемување на тензиите за да не се случува слична напнатост во иднина“, рече Столтенберг, потсетувајќи дека Турција и Грција се под покривот на НАТО.
Во 1996 година, Турција и Грција беа на прагот на избувнување на војна поради несогласувањата околу карпестите острови Кардак во Егејското Море. До новите тензии во регионот дојде на почетокот од оваа недела кога бродовите на грчката Крајбрежна стража премногу се приближија до турскиот акваториум.