Sercan İrkin
03 Септември 2025•Ажурирај: 05 Септември 2025
ИСТАНБУЛ (АА) - Од експлозијата во близина на митинг организиран во пакистанската југозападна покраина Белуџистан загинаа 13 лица, известува Анадолу.
Весникот „Даун“ ги објави информациите претставени од власта во врска со експлозијата што се случила набрзо по завршувањето на митингот пред стадионот „Шахвани“ во Квета, главниот град на покраината.
Властите објавија дека од експлозијата загинале 13 лица, а бројот на повредени изнесува 35.
На митингот присуствувале голем број политичари, а официјалните лица информираа дека повеќето од нив не се повредени.
Од експлозијата се оштетени шест возила, вклучително и оклопните возила што им припаѓале на политичарите.
Митингот бил организиран од Националната партија на Белуџистан и го предводел поранешниот премиер Сардар Ахтар Менгал.