Riyaz Khaliq Khaliq
29 Јануари 2025•Ажурирај: 29 Јануари 2025
ЊУ ДЕЛХИ (АА) - Најмалку 15 лица загинаа во стампедо во Маха Кумб Мела, хиндуистички фестивал кој се смета за најголем религиозен собир, според дневниот весник „Хиндустан тајмс“, јавува Анадолу.
Фестивалот започна претходно овој месец во северната држава Утар Прадеш.
Официјалните лица рекоа дека инцидентот се случил на Мауни Амавасија - најзначајниот ден на фестивалот.
Локалните власти очекуваа рекордни 100 милиони посетители.
Индискиот премиер Нарендра Моди изрази сочувство до луѓето кои ги загубија своите најблиски, и им посака брзо закрепнување на сите повредени.
Тој рече дека локалната администрација е „ангажирана да им помогне на жртвите на секој можен начин“.
Маха Кумб се одржува на секои 12 години на бреговите на реката во градот Прајаграј.
Фестивалот оваа годинава се одржува од 13 јануари до 26 февруари и се очекува на него да присуствуваат околу 400 милиони луѓе.
Прајаграј, порано Алахабад, се смета за особено свет за хиндусите, бидејќи е дом на Тривени Сангам, светиот слив на реките Ганг, Јамуна и митските реки Сарасвати.