Ahmet Gençtürk
28 Септември 2021•Ажурирај: 29 Септември 2021
АНКАРА (АА) - Најмалку 23 лица се повредени во експлозијата што утринава се случи во станбена зграда во Гетеборг, Шведска, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Три постари жени кои живееле во зградата се сериозно повредени, а има и сериозно повредени лица меѓу оние што се хоспитализирани, објави шведскиот весник „Афтонбладет“.
Започната е истрага, но причината за експлозијата е сè уште нејасна.
„Неколку апартмани се оштетени во инцидентот“, се вели во веста на овој весник.