свет

Најмалку 37 Палестинци се убиени последните 24 часа во израелските напади врз Појасот Газа

- Израелските сили изминатите 24 часа спроведоа бомбардирања и гранатирања на повеќе подрачја во Појасот Газа, убивајќи и повредувајќи голем број Палестинци

Ömer Erdem  | 07.09.2024 - Обновена : 08.09.2024
Најмалку 37 Палестинци се убиени последните 24 часа во израелските напади врз Појасот Газа

ГАЗА (АА) - Според палестинската официјална новинска агенција ВАФА, 8 Палестинци се убиени, а 15 се повредени нешто по полноќ во израелски ракетен напад со дрон врз училиштето Халима ал Садија, сместено во шаторската населба на раселените Палестинци во регионот Цибалија во северниот дел на Појасот Газа, пренесува Анадолу.

Телата на 5 Палестинци убиени во израелскиот напад на куќа на запад од бегалскиот камп Нусејрат се донесени во болницата Загинати херои на Ал Акса.

Големи експлозии се случија и во областите југоисточно од округот Зејтун, кој беше подложен на интензивно бомбардирање од страна на израелските сили.

Имаше убиени и повредени и во бомбардирањеето на куќа во регионот Каул-Курејн, јужно од Хан Јунис.

Голем број луѓе, вклучително и деца, се убиени во нападот на Израел врз станбена зграда во областа Ан-Наср, во западниот дел на градот Газа.

Најмалку 37 Палестинци се убиени во израелските напади во Појасот Газа, кои продолжуваат од петокот наутро.


- 5 Палестинци се убиени во израелски воздушни напади врз централна и северна Газа

Палестинската официјална новинска агенција ВАФА објави дека Израел гранатирал населено место во областа Ан-Наср во северниот дел на градот Газа.

Во нападот убиено е едно девојче, а големиот број повредени Палестинци се пренесени во Баптистичката болница „Ел Ехли“ во градот.

Палестинската Црвена полумесечина објави дека во нападот на израелските авиони врз бегалскиот камп Бурајџ во централниот дел на Појасот Газа се убиени 4 лица, а 10 се повредени, меѓу кои има и деца.

Повредените се пренесени во болницата Ел Авде во бегалскиот камп Нусајрат.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.