Ömer Faruk Yıldız
20 Мај 2022•Ажурирај: 21 Мај 2022
ЖЕНЕВА (АА) - Најмалку четири лица се повредени во напад со нож извршен во норвешкиот главен град Осло, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на норвешката полиција, нападот се случил во едно подрачје во западниот дел на Осло.
Во соопштението се нагласува дека напаѓачот ги избирал жртвите случајно.
Се истакнува дека во нападот биле повредени најмалку четири лица, од кои едно се наоѓа во тешка состојба.
Во вестите на норвешките медиуми се нагласува дека напаѓачот е фатен.