Mesut Zeyrek
20 Мај 2022•Ажурирај: 21 Мај 2022
КЕЛН (АА) - Непознато лице или неколку лица фрлиле вреќи со боја на ѕидовите на џамија во градот Касел, во германската покраина Хесен, јавува Агенција Анадолија (АА).
Нападот се случи во 3:10 часот по локално време врз Џамијата „Ахмет Јесеви“ и Турскиот културен центар „Касел“, кои работат под покровителство на Турската исламска унија во Европа (ATIB).
Дурмуш Јилдирим, претседател на АТИБ, изјави дека во нападот биле оштетени прозорците и ѕидовите на богослужбеното место и на организационата сала. Јилдирим остро го осуди сквернавењето на муслиманските места за богослужба.
„Жал ни е што речиси и да нема ден без напад на муслиманските светилишта. Ги повикуваме сите сегменти на општеството да бидат почувствителни на ова прашање. Најостро го осудуваме овој напад. Очекуваме безбедносните сили да ги идентификуваат сторителите и да ги донесат пред лицето на правдата, колку што е можно поскоро“, рече Јилдирим.
Касел е град во покраината Хесен во централна Германија, со население од околу 201.000 жители.