Riyaz Khaliq Khaliq
18 Мај 2024•Ажурирај: 21 Мај 2024
ИСТАНБУЛ (АА) - Голем број починати во поплавите што ја зафатија централната провинција Гор во Авганистан вчера, изјави портпаролот на привремената талибанска администрација, Забихулах Муџахид, известува Анадолу.
Тој не ја наведе бројката на починати во поплавите, меѓутоа, агенцијата Кама Прес објави дека најмалку 50 лица ги загубиле животите во Фирозкох, додека 2.000 куќи во потполност се уништени.
Забихулах Муџахид упати апел до донаторите за помош на погодените семејства.
Поројните дождови минатата недела предизвикаа поплави и свлечишта во северните и североисточните региони на Авганистан, во кои животот го загубија повеќе од 300 луѓе.