свет

Најмалку седум лица загинаа при уривање на мост во Индонезија

Стотици луѓе беа собрани на стариот мост за да му посакаат добредојде на локален политичар на островот Банда, кога мостот ненадејно се урна

Islam Uddin  | 31.10.2024 - Обновена : 03.11.2024
Најмалку седум лица загинаа при уривање на мост во Индонезија

Ankara

АНКАРА (АА) - Најмалку седум лица загинаа, а десетици се повредени при уривање на мост на море во регионот на островот Малуку во Источна Индонезија, објавија денес локалните медиуми, пренесува Анадолу.

Стотици луѓе беа собрани на стариот мост за да му посакаат добредојде на локален политичар на островот Банда, кога мостот ненадејно се урна, објави „Џакарта Глоуб“.

Политичарот требаше да се обрати на јавен собир во врска со претстојните локални избори.

Повредените се пренесени во локалната болница.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.