Doğa Kırmızıoğlu
07 Јануари 2020•Ажурирај: 08 Јануари 2020
АНКАРА
Синоќа се одиграа 9 натпревари во американската Национална кошаркарска лига. Во Западната конференција екипата на Денвер Нагетс која се бори за врвот, како гостин ја совлада Атланта Хоукс со 115:123 и стигна до 25. победа сезонава, јавува Агенција Анадолија (АА).
Нагетс, кој се наоѓа на втората позиција во Западната конференција, благодарение на извонредната игра на својот центар, српскиот интернационалец Никола Јокиќ, стигна до значајна победа. Јокиќ постигна 47 поени, 8 скока, 5 асистенции, уривајќи го сопствениот рекорд на постигнати поени на еден натпревар. Свој удел во победата на Нагетс дадоа и Вил Бартон со 28 поени, 9 скока и Џамал Мареј со 16 поени и 8 асистенции.
Хоукс го претрпе својот 29. пораз сезонава, а најдобар перформанс покажаа Тре Јанг со дабл-дабл учинок од 29 поени, 12 асистенции, Кевин Ертер со 22 поени, 8 асистенции, Џон Колинс со 17 поени и Деандре Хантер со 16 поени.
Филаделфија Севентисиксер како домаќин ја совлада Оклахома Сити Тандер со 120:113, додека Сан Антониот Спарс беше подобар од Милвоки Бакс со резултат 126:104, нанесувајќи му го на гостинот шестиот пораз сезонава. И покрај поразот, Бакс е најуспешната екипа во НБА сезонава со 32 победи и 6 порази.
Вечер на програмата се 6 натпревари во НБА.
Резултати од синоќа одиграните натпревари:
Шарлот Хорнетс - Индијана Пејсерс 104:115
Филаделфија Севентисиксерс - Оклахома Сити Тандер 120:113
Орландо Меџик - Бруклин Нетс 101:89
Вашингтон Визардс - Бостон Селтикс 99:94
Атланта Хоукс - Денвер Нагетс 115:123
Њу Орлеанс Пеликанс - Јута Џез 126:128
Сан Антонио Спарс - Милвоки Бакс 126:104
Далас Маверикс - Чикаго Булс 118:110
Сакраменто Кингс - Голден Стејт Вориорс 111:98