Mustafa Deveci
07 Јануари 2020•Ажурирај: 08 Јануари 2020
ЕРУСАЛИМ
Десетици радикални Евреи во придружба на израелската полиција влегоа во дворот на „Ал Акса“, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Управата за вакафи се наведува дека 88 Евреи влегле во комплексот со заштита на полицијата.
Потврдија дека меѓу нив се наоѓал и Јехуда Џошуа Глик, претставник на Ликуд, десничарската партија на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
Радикалните Евреи често во придружба на полицијата влегуваат во дворот на „Ал Акса“, што често доведува до тензии меѓу Палестинците и израелската полиција.
Со „Ал Акса“ управува Управата за вакафи во Ерусалим (Кудс), врз основа на договорот потпишан меѓу Израел и Јордан во 1994 година.
Комплексот „Ал Акса“ се простира на 15 отсто од површината на старото јадро на Ерусалим, кое е под израелска окупација, а претставува точка на спојување на трите најголеми религии на светот.
По „Месџид ал Харам“ во Мека и Џамијата на пратеникот во Медина, „Ал Акса“ е трето најважно место за муслиманите.