Furkan Naci Top
11 Јули 2019•Ажурирај: 12 Јули 2019
АТИНА (АА) - Шест туристи го загубија својот живот во поројните дождови, градот и бурата во Грција, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според информациите што ги пренесе грчката државна телевизија ЕРТ (ERT), бурата која го зафати северниот дел на земјата, особено на Халкидики, одзеде животи и предизвика материјална штета.
Се соопштива дека во невремето близу Солун загинале шест лица, од кои две деца. Се истакнува дека жртвите биле туристи со потекло од Чешка, Романија и Русија.
Од друга страна, во невремето повредени биле 108 лица, од кои четири лица се наоѓаат во тешка состојба.
Во овој регион е прогласена вонредна состојба, каде што активни се голем број противпожарни тимови и екипи на Цивилната одбрана.
Новиот министер за јавна безбедност на Грција, Михалис Хрисохоидис, упати сочувство за загинатите во невремето.
„Во подрачјето немаше поплави, туку силни ветрови и бура кои срушија дрвја, а кои беа причина и за смртта на овие луѓе“, рече Хрисохоидис.