Turgut Alp Boyraz
09 Јули 2017•Ажурирај: 10 Јули 2017
ЕРУСАЛИМ (АА) - Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, во врска со постигнатиот договор меѓу САД и Русија за прекин на огнот во југозападниот дел на Сирија предупреди дека при воспоставување на прекин на огнот во Сирија, не треба во таа земја да се овозможи воено присуство на „Иран и неговите застапници”, јавува Anadolu Agency (AA).
Пред неделниот состанок на кабинетот, израелскиот премиер Нетанјаху изјави: „Не треба да му се овозможи воено присуство на Иран”.
„Израел со задоволство ќе прифати вистински прекин на огнот. Но при овој прекин на огнот, не треба да се овозможи воено присуство на Иран и неговите претставници на целата територија на Сирија, особено во јужниот дел на Сирија. По ова прашање, минатата недела имав интензивни разговори со американскиот шеф на дипломатијата Рекс Тилерсон и со рускиот претседател Владимир Путин. И двајцата рекоа дека ја разбираат ситуацијата на Израел и ќе ги земат предвид барањата”, додаде Нетанјаху.
Нетанјаху рече дека Израел ќе продолжи да го следи развојот на настаните преку границата, истакнувајќи дека „ќе се придржуваат до својата црвена линија”.
Нетанјаху во своето обраќање ги наброја темите кои ги содржи Црвента линија на Израел: „спречување на зацврстувањето на Хезболах или иранските сили во Сирија, особено околу поседувањето чувствително оружје”, „спречување на демонстрирање присуство на овие сили долж границата со Израел” и „спречување на воено присуство на Иран на целата тероторија на Сирија”.
Сергеј Лавров, шефот на руската дипломатија, соопшти дека САД и Русија се договориле за прекин на огнот во југозападниот дел на Сирија. Договорот започнува на 9 јули, во 12 часот по локално време во Дамаск.
Од почетокот на граѓанската војна, под изговор дека од страна на Сирија и Голанската висорамнина се гранатира територијата на Израел, израелската армија ги напаѓа позициите на опозицијата во Сирија, силите на Хезболах поддржани од Иран и воени точки на силите на режимот.
Од 1967 година досега, Израел под окупација ја држи Голанската Висорамнина која е сириска територија.