Ekipa
09 Јули 2017•Ажурирај: 10 Јули 2017
ВАШИНГТОН (АА) - Америкснскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека е време да се започне конструктивна работа со Русија по неговата средба со рускиот претседател Владимир Путин во петокот, пренесува Anadolu Agency (AA).
Трамп на Твитер напиша дека во Хамбург, на маргините на самитот на Г-20, извршил притисок врз Путин во врска со наводното мешање на Русија во претседателските избори во САД минатата година, наведувајќи дека рускиот претседател „остро ги отфрлил“ тврдењата на американските разузнавачки агенции во врска со тоа.
Трамп, сепак, не кажа дали верува во зборовите на Путин, истакнувајќи дека веќе го изнел своето мислење по тоа прашање.
Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, за новинарите во Германија изјави дека Трамп ги прифатил уверувањата на Путин дека Русија не се мешала во претседателските избори во САД.
Трамп претходно говореше дека верува оти Русија најверојатно била вмешана во изборите, но дека истото го правеле и други земји.
Американскиот претседател исто така откри дека во текот на состанокот со Путин не станало збор за санкциите кон Русија и дека во однос на тоа прашање нема ништо да се промени додека не се решат прашањата за Украина и за Сирија.