Mustafa Deveci
26 Август 2019•Ажурирај: 27 Август 2019
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, даде инструкции за изградба на 300 нови станбени единици во еврејската нелегална населба Долев, на окупираниот Западен Брег, пренесува Anadolu Agency (AA).
Нетанјаху објави соопштение на социјалните мрежи, во кое нагласи дека на Премиерскиот кабинет му дал инструкции за подготвување на планот потребен за изградба на 300 нови станбени единици во Долев.
Нетанјаху во соопштението истакнува дека ќе продолжат со проширување на еврејските населби на Западниот Брег.
Израелската Влада под водство на Нетанјаху во последниот период ги забрза градежните активности за изградба на населени места на окупираниот Западен Брег и Источен Ерусалим (Кудс).
На Западниот Брег, кој Израел го окупираше во 1967 година, се наоѓаат околу 250 илегални еврејски населби, каде што живеат околу 400.000 еврејски доселеници кои го отежнуваат животот на Палестинците, кои пак живеат под окупација на Западниот Брег.
Според меѓународното право, сите еврејски населени места во овие окупирани територии се сметаат за нелегални.