Ekipa
26 Август 2019•Ажурирај: 27 Август 2019
ТЕХЕРАН (АА) - Иран испрати ескадрила-разорувач и носач на хеликоптери во Аденскиот Залив „за да ја осигура безбедноста на бродовите на Исламската Република во меѓународните води“, изјави денес началникот на Иранската армија, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Адмиралот Хабиболах Сајари изјави дека разорувачот „Саханд“, кој од минатат година е дел од морнарицата, бил испратен на својата прва прекуморска мисија во Аденскиот Залив“, јави официјалната новинска агенција ИРНА.
Тој истакна дека воениот брод ќе ги заштити иранските бродови во Оманскиот и Аденскиот Залив.
Објавата на ваквата одлука се случува во пресрет на тензиите меѓу Иран и Соединетите Американски Држави (САД), откако два нафтени танкери во јуни беа нападнати во Ормудскиот Теснец.
Вашингтон го смета Техеран одговорен за нападите, а ваквото обвинување е негирано од страна на Иран.
Минатиот месец, САД објавија планови за создавање меѓународна воена коалиција за обезбедување на водите во близина на Иран и Јемен, по нападнатите нафтени танкери.