Zeynep Hilal Karyağdı
12 Ноември 2017•Ажурирај: 13 Ноември 2017
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, порача дека израелските сили жестоко ќе одговорат на каков било напад на палестинските групи на Израел, јавува Anadolu Agency (AA).
„Без оглед за кој станува збор, најостро ќе одговориме на сите напади и провокации. Ги предупредуваме сите организации, групи и сите елементи во Газа“, изјави Нетанјаху за време на утринската седница на израелската Влада.
Тој исто така нагласи дека за сите евентуални провокации и напади на Израел ќе биде одговорен Хамас, а таа порака стигнува во екот на палестинското негодување поради убиството на најмалку 12 Палестинци за време на неодамнешното израелско рушење на тунел на границата со Газа.
Паралелно со тоа, израелската војска започна голема воена вежба на границата со Газа, енклава која подолго од една деценија е под целосна израелска блокада.