Cansu Dikme
12 Ноември 2017•Ажурирај: 13 Ноември 2017
АНКАРА (АА) - Портпаролот на турското Претседстелство, Ибрахим Калин, денес изјави дека заливската криза ќе биде едно од најважните прашања на агендата на турскиот претседател на состаноците во Кувајт и во Катар, јавува Anadolu Agency (AA).
„Кризата која започна пред пет месеци на состанокот на Советот за заливска соработка ќе биде меѓу приоритетните теми на дневниот ред“, соопшти Ибрахим Калин.
Посетата на турскиот претседател на заливиските земји ќе трае од понеделник до среда.
Калин истакна дека Турција ги поддржува напорите на Кувајт како медијатор во кризата, повторувајќи дека Анкара сака мирно решение за проблемот.
Турција го поддржува Катар во заливската криза која започна во јуни кога Саудиска Арабија, Египет, ОАЕ и Бахреин ги прекинаа дипломатските и трговските врски со Катар.
Четирите земји го обвинуваат Катар за поддршка на терористички групи што Доха го негира, окарактеризувајќи го ваквото ембарго како прекршување на националниот суверенитет.
Калин изјави дека за време на состаноците, детално ќе се дискутира за случувањата во регионот, особено во Сирија, Ирак и подрачјето на Заливот, како и за билатералните односи меѓу Турција и заливиските земји.
Тој додаде дека претседателот Ердоган ќе присуствува на Врховниот стратешки комитет на Турција и Катар во Доха.
Се наведува дека Ердоган и кувајтскиот лидер Сабах Ахмад ал-Џабер ал-Сабах ќе разговараат за прашања поврзани со билатералната трговија и соработката на полето на одбраната, образованието и културата.
Калин додаде дека пред да отпатува во Заливот, претседателот утре ќе ја посети Русија и заедно со рускиот претседател, Владимир Путин, ќе разговара за очекувањата на Турција во врска со повторното воспоставување на безвизниот режим и укинувањето на сите останати трговски санкции од Москва.
По соборувањето на рускиот воен авион во ноември 2015 година поради нарушување на турскиот воздушен простор, Кремљ нареди прекинување на безвизниот режим со Турција.
Русија исто така забрани увоз на одредени земјоделски плроизводи од Турција како и забрани за компании вклучени во градежништвото, инженерството и туризмот.
Сепак во текот на ова лето, Русија ги релаксираше трговските забрани кон Турција. На 27 октомври, Русија ги укина ограничувањата за увоз на домати од Турција со почеток од 1 ноември.