Mahmut Atanur
09 Февруари 2020•Ажурирај: 09 Февруари 2020
ЏАКАРТА (АА) - Во тајландската покраина Канџанабури, сместена во западниот дел од земјата, во подрачјето Муанг, војник со своето оружје уби најмалку 21 лице, а рани 42 лица. Во акцијата на претставниците на безбедносните сили и Војската застрелан е војникот убиец, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста објавена во весникот „Бангкок пост“ (Bangkok Post), војникот Џакрапант Тома, кој повеќе од 17 часа се криел во трговскиот центар во градот Накхон Ратчасима, е неутрализиран откако е застрелан од страна на безбедносните сили.
Началникот на полицијата, Чактип Чаиџинда, потврди дека војникот е застрелан. Началникот Чаиџинда информираше дека повеќе детали поврзани со целиот настан ќе даде премиерот Прајут Чаноча на закажаната прес-конференција.
Војникот Џакрапант Тома вчера во касарната „Суратампитак“ го уби командантот на касарната и двајца војници, по што со воен џип избега од касарната.
По напуштањето на касарната, војникот Тома отворил оган врз цивилите на улиците, за потоа да се скрие во еден трговски центар во градот Накхон Ратчасима.