Erdoğan Çağatay Zontur
09 Февруари 2020•Ажурирај: 10 Февруари 2020
ПЕКИНГ
Бројот на починати од новиот коронавирус во Кина се искачи на 812, соопшти кинеската Национална здравствена комисија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Надлежните информираа дека во Кина во последните 24 часа починале 89 лица, а откриени се над 2.600 нови заболени.
Бројот на лица што се под медицински надзор се искачи на 188.183, додека бројот на оние за кои се смета дека се заразени изнесува 28.942.
Се смета дека вирусот се пренел на луѓето од животни, особено од лилјаците.
Многу земји ги евакуираа своите граѓани од градот Вухан - епицентарот на вирусот - и од други погодени области во Кина, сместувајќи ги во изолирани медицински услови.
Светската здравствена организација (WHO) ја прогласи појавата на коронавирусот за меѓународна здравствена опасност.
Анализирајќи ги информациите на здравствените институции на земјите во кои е забележан вирусот, освен во Кина, коронавирусот е распространет уште во 24 земји и во Тајван, земја која е во спор со Кина.
Од епидемијата на овој вирус животот го загубија 813 лица. Од оваа бројка, 811 лица починаа во Кина, едно лице во Специјалниот Административен Регион Хонгконг и едно лице на Филипини.
Бројот на откриени случаи на коронавирусот во континентална Кина изнесува 37.198 лица, додека во Специјалниот Административен Регион Хонгконг се откриени 26 случаи, а во Специјалниот Административен Регион Макао 10. На Тајван се забележани 16 случаи на заболени од коронавирусот.
Листата на држави надвор од Кина во кои се забележани случаи на коронавирусот и бројката на заболени изгледа вака:
| Јапонија | 96 |
Сингапур | 40 |
Тајланд | 32 |
Јужна Кореја | 25 |
Малезија | 17 |
Австралија | 14 |
Виетнам | 14 |
Германија | 14 |
САД | 12 |
Франција | 11 |
ОАЕ | 7 |
Канада | 6 |
В. Британија | 3 |
Италија | 3 |
Индија | 3 |
Филипини | 3 |
Русија | 2 |
Непал | 1 |
Шри Ланка | 1 |
Камбоџа | 1 |
Белгија | 1 |
Шпанија | 1 |
Шведска | 1 |
Финска | 1 |