Erbil Başay
09 Мај 2019•Ажурирај: 11 Мај 2019
БЕРЛИН (АА) - Германската канцеларка Ангела Меркел, денеска во романскиот град Сибиу, каде што се одржува неформалниот самит на европските лидери, порача дека Европската Унија (ЕУ) треба да биде иновативна, силна и обединета, јавува Anadolu Agency (AA).
Европските лидери во Сибиу се собраа за да разговараат за иднината на Унијата по излезот на Велика Британија од ЕУ.
Меркел изјави дека на Самитот ќе биде разгледан стратешкиот план за иднината на ЕУ, и дека и покрај политичките разлики ќе биде прифатена декларацијата со која се нагласува важноста на заедничкото движење за заштита на мир и просперитет.
Говорејќи за тоа дека ЕУ би требало да го подигне гласот за сопствените вредности, германската канцеларка изјави дека „светот не спие“.
„Мораме да бидеме иновативни, силни и обединети. Денеска ќе се залагаме за тоа“, порача Меркел.