Adam Abu-bashal
13 Мај 2020•Ажурирај: 13 Мај 2020
АБУЏА
Во западноафриканската држава Нигерија, во федералната област Јобе дојде до сообраќајна несреќа меѓу патнички автобус и мал камион. Според првичните проценки, во несреќата животот го загубиле 10 лица, а 27 се повредени, јавува Агенција Анадолија (АА).
Шеху Умар, координатор на Организацијата за национална безбедност на патиштата на федералната држава Јобе, информираше дека на патот Фика - Потискум лицето што управувало со мал камион ја изгубило контролата над возилото и удрило во патнички автобус.
Умар соопшти дека според првичните проценки, во несреќата загинале 10 лица, а 27 се повредени.
Тој додаде дека меѓу повредените некои лица се во тешка здравствена состојба, изразувајќи ја својата загриженост од можноста за зголемување на бројот на починати.