Ahmet Gürhan Kartal
05 Мај 2022•Ажурирај: 06 Мај 2022
ЛОНДОН (АА) - Милиони британски гласачи денеска се упатуваат кон избирачките места во Англија, Шкотска и Велс за да изберат нови локални претставници и нови членови на Собранието на Северна Ирска, јавува Агенција Анадолија (АА).
Се гласа за 4.350 места во 140 совети низ Англија, и за сите места на 32-та совети на Шкотска и 22-та совети на Велс.
Гласачите од Северна Ирска ќе гласаат за нови претставници на нивниот локален парламент со 90 места.
Повисоката инфлација и кризата на трошоците за живот се двата главни проблеми во Велика Британија што може да ги поттикнат гласачите да одлучат за својот глас. Гласањето, исто така, ќе покаже како гласачите реагираат на нелегалните забави одржани во Даунинг стрит за време на карантинот поради коронавирусот од страна на највисоките партиски лидери.
Изборите започнаа во 7:00 часот, а избирачките места ќе се затворат во 22:00 часот.
Пребројувањето на гласовите во Англија ќе започне по 22:00 часот, а резултатите би можеле да почнат да доаѓаат веќе на полноќ. Сепак, појасна слика ќе има утре напладне со повеќе преброени гласови.
Во Шкотска и Велс пребројувањето ќе започне утре, најраните резултати се очекуваат попладне, а повеќе резултати во вечерните часови.
Пребројувањето во Северна Ирска, исто така ќе започне утре во 9:00 часот, а првите резултати се очекуваат околу пладне.