Hanife Erdinç
08 Февруари 2016•Ажурирај: 09 Февруари 2016
ЧАНАККАЛЕ (АА) - Најмалку 22 лица загинаа при превртување на бродче со мигранти во заливот Ердемит во Егејското Море, јавува Anadolu Agency (AA).
Спасувачките екипи на турската крајбрежна стража по дојавата од страна на група илегални мигранти, покрена акција за пронаоѓање на потонатиот брод кој превезувал мигранти.
По доаѓањето на местото на несреќата во водите на Егејското Море, недалеку од местото Алтинолук, спасувачите од морето спасија тројца мигранти и ги извлекоа безживотните тела на 22 од нив.
Еден мигрант претходно е спасен од страна на рибари кои пловеле во тоа подрачје.
„Во акцијата учествуваат екипи на крајбрежната стража со чамци и хеликоптери. Од исказите на преживеаните дознаваме дека на потонатиот брод имало 40 лица, а потрагата и понатаму трае по 14 лица кои се водат за исчезнати”, се соопштува од турската крајбрежна стража.