Şeyma Uzundere
11 Мај 2022•Ажурирај: 12 Мај 2022
АНКАРА - Владата на Нов Зеланд соопшти дека е донесена одлука со која, почнувајќи од 31 јули, се отвораат границите за туристите што доаѓаат од други земји, меѓу кои и Кина и Индија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението се наведува дека почнувајќи од тој датум, се укинува и задолжителното тестирање за Ковид-19.
Премиерката Џасинда Ардерн соопшти дека со укинувањето на воведените ограничувања за влез во земјата ќе го зголеми и протокот на квалификувани работници мигранти во земјата.
Минатиот месец Нов Зеланд ги отвори своите граници за државјаните на повеќе од 50 земји, меѓу кои се Австралија, САД и Велика Британија и земјите од Европа.
Пред појавата на глобалната пандемија, туризмот во Нов Зеланд со приближно 3 милиони туристи, беше еден од главните извори на приход во земјата.