Muhammet Nusret Altun
15 Август 2019•Ажурирај: 17 Август 2019
ВЕЛИНГТОН (AA) – Научниците од Нов Зеланд тврдат дека пронашле фосил на џиновски пингвин кој живеел пред 60 милиони години, јавува Anadolu Agency (AA).
Фосилизираните остатоци се пронајдени пред година и пол во коритото на реката Валпара во Крајстчрч, а со научна анализа е утврдено дека станува збор за коски кои се стари околу 60 милиони години.
Истражувачите тврдат дека се работи за фосилизиран скелет на пингвин кој бил висок 160 сантиметри и тежок околу 80 килограми.
Станува збор за изумрен вид пингвини кои живееле по изумирањето на диносаурсите.
Научникот Пол Скофилд изјави дека во 2000 година сличен скелет од џиновски вид пингвин е пронајден и на Антарктикот и дека продолжението на истражувањето ќе биде важно и за откривање на меѓуконтиненталните врски во далечното минато.