Recep Şakar
05 Април 2019•Ажурирај: 06 Април 2019
МЕЛБУРН (АА) – Во Високиот суд во Крајстчрч започна првото рочиште за терористот Брентон Тарант, кој изврши терористички напад во џамиите „Ал Нур“ и „Линвуд“ во градот Крајстчрч, во Нов Зеланд, и уби 50 лица, а исто така повреди 50 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Според веста на радио „Нов Зеланд“, 28-годишниот терорист Тарант, кој моментално се наоѓа во самица во најстрогиот затвор во земјата „Окленд“, на денешната расправа присуствуваше од самицата преку видео-линк.
Покрај муслиманите во земјата, високи полициски функционери и новинари од различни земји во светот покажаа голем интерес за судењето. Терористот Тарант, кој преку видеолинк присуствуваше на рочиштето, носел сива униформа, а на рацете имал лисици.
Терористот на судењето се појавил смирен, а за време на судењето, според информациите на радиото, полицијата презела мерки надвор од судот. Терористот можел да ги види судиите и адвокатите, но не можел да ги види другите лице што го следење судењето.
Судијата од Високиот суд во Крајстчрч, Камерон Мендер, пресуди притворот на терористот кој кривично ќе биде гонет за 50 одделни убиства и 39 обиди за убиство, до 14 јуни да продолжи во затворот „Окленд“.
- Судијата побара извештај за менталното здравје
Судијата Мендер за да одлучи дали терористот е подготвен за судење побара два одделни извештаи за неговото ментално здравје.
Судијата, исто така, истакна дека извештаите за менталното здравје на терористот што ги побарал се нормална процедура, и тоа не треба да се толкува на друг начин.
Терористот Брентон Тарант, кој изврши терористички напад во џамиите „Ал Нур“ и „Линвуд“ на 15 март (петок), за време на петочната молитва во градот Крајстчрч во Нов Зеланд, уби 50 лица, меѓу кои имаше жени и деца, а повреди 50 лица.