Bahtiyar Abdülkerimov
16 Јули 2021•Ажурирај: 17 Јули 2021
ТАШКЕНТ (АА) - Со цел да се поддржат мировните процеси и постконфликтното решение во Авганистан, одлучено е да се формира четворка формат од Соединетите Американски Држави (САД), Узбекистан, Авганистан и Пакистан, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во писменото соопштение од Министерството за надворешни работи на Узбекистан се наведува дека министерот за надворешни работи на Узбекистан, Абдулазиз Камилов, министерот за надворешни работи на Авганистан, Мухамед Ханиф Атмар, министерот за надворешни работи на Пакистан, Шах Махмуд Курејши и специјалниот пратеник на САД во Авганистан, Залмај Халилзад, се состанале во Ташкент.
Во изјавата се нагласува дека земјите се согласија да воспостават нова дипломатска платформа од четири земји, со цел да се зајакнат регионалните односи.
Исто така, се посочува дека страните сметаат дека долгорочниот мир и стабилност во Авганистан е од витално значење за регионалната соработка.
„Страните имаат за цел да работат заедно за проширување на трговијата, создавање нови транзитни патишта и зајакнување на трговските врски“, се нагласува во соопштението.
Се додава дека страните се согласиле да се состанат наредните месеци за заедно да ги утврдат условите на оваа соработка.