Erbil Başay
16 Јули 2021•Ажурирај: 16 Јули 2021
БЕРЛИН (АА) - Поројните врнежи од дожд во германските западни покраини Рајнска Област-Пфалц и Северна Рајна-Вестфалија предизвикаа поплави во кои бројката на смртни случаи се зголеми на 81, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста што ја објави Германската новинска агенција (DPA), која се базира на изјавата на портпаролот на полицијата во Кобленц, бројот на луѓе кои ги загубија животите во поплавите во покраината Рајнска Област-Пфалц е зголемен на 50 лица.
Поплавите досега одзедоа 31 живот во германската покраина Северна Рајна-Вестфалија.
Во исто време, администрацијата на регионот Ахрвајлер во покраината Рајнска Област-Пфалц информира дека 1.300 лица се водат за исчезнати. Таа соопшти дека во регионот телефоните не работат и не може да се дојде до многу луѓе.
Поради поплавите во многу подрачја на двете покраини, улиците се поплавени, а голем број куќи се изложени на ризик од уривање.