Mustafa Deveci
17 Јули 2019•Ажурирај: 18 Јули 2019
ЕРУСАЛИМ (AA) - Израелските сили во акциите организирани на Западен Брег во текот на ноќта приведоа 19 Палестинци, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на израелската Војска се наведува дека Палестинците се приведени поради учество во терористички активности.
Израелските сили често на окупираниот Западен Брег и во Источен Ерусалим (Кудс) ги приведуваат Палестинците под различни обвинувања.
Податоците на Здружението на палестинските затвореници покажуваат дека во израелските затвори се наоѓаат околу 5.700 Палестинци, меѓу кои се и жени и малолетници. Според податоците, се работи за 230 малолетници.