Tuğçenur Yılmaz
17 Јули 2019•Ажурирај: 17 Јули 2019
АНКАРА (АА) - Министерот за надворешни работи на Република Турција, Мевлут Чавушоглу, се состана со палестинскиот колега Ријад ал Малики, со кој разговараше за случувањата во Ерусалим (Кудс), јавува Anadolu Agency (AA).
Чавушоглу се состана со Малики во Џеда, каде што е планирано одржување на вонредниот состанок на Извршниот одбор на Организацијата за исламска соработка (ОИС).
Чавушоглу напиша на Твитер дека со Малики разговарал за зголемувањето на нелегитимните активности на Израел во Ерусалим.
„Секогаш ќе бидеме со палестинската држава и нашите палестински браќа“, порача Чавушоглу.