Hıdr Hallat, Süleymn el-Kubeysi, İbrahim Salih,Gülşen Topçu
11 Јуни 2016•Ажурирај: 12 Јуни 2016
БАГДАД (АА) - Најмалку 37 лица загинаа, а 48 се повредени во експлозии што се случија во ирачкиот главен град Багдад, но и во нападите од страна на терористичката организација ДАЕШ во Фалуџа, јавува Anadolu Agency (AA).
Меѓу смртно настраданите најчесто се припадници на силите за безбедност. Според податоците од полициската станица Анбар, во нападите на ДАЕШ врз ирачките безбедносни сили северно од Фалуџа загинаа 27 лица, а 13 беа повредени.
Ахмед ал Дулејми од полициската станица Анбар изјави дека еден полицаец загина при обидот да ја деминира експлозивната направа која беше поставена на патот.
Според неговите зборови ирачките сили од утринава напредуваат кон областа Дур Ал Атиба а на целото подрачје конфликтите се сеуште во тек.
Во селото Зира Дикле во Багдад изведен е напад на воен контролен пункт при што загинаа четири лица, меѓу кои и бомбаш-самоубиецот. Повредени се 13 лица. Уште два бомбашки напади се случија во јужниот и источниот дел на Багдад, при што четворица цивили загинаа, а 15 беа повредени.
За сега никој не ја презеде одговорноста за нападите во Багдад.