Muhammed Emin Canik
02 Март 2020•Ажурирај: 03 Март 2020
БУЕНОС АИРЕС (AA) - Луис Алберто Лакале Поу кој победи на изборите што се одржаа во ноември минатата година во Уругвај, положи заклетва и ја презеде претседателската функција, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во палатата на законодавниот дом беше одржана церемонијата на положување заклетва.
„Не треба да заборавиме дека ние сме привремени станари на власта и дека тука сме во служба на народот и за да му служиме нему. Владата која со должноста започнува денеска, за да стекне доверба, има намера постојано и транспарентно да биде во комуникација со оние кои ја избраа“, истакна Лакале Поу.
Тој рече дека е потребно да ги завршат процесите на договорот потпишан меѓу Заедничкиот пазар на Јужна Америка (MERCOSUR) и Европската Унија (ЕУ).
„Со цел да ги зацврстиме заедничките интереси, потребно е настрана да ги ставиме идеолошките проблеми. Доколку го направиме тоа, тогаш нашиот регион ќе се зацврсти на меѓународно поле“, додаде новиот уругвајски претседател.
Со стапувањето на Лакале Поу на функцијата, десничарите во Уругвај доаѓаат на власт по 15 години.
На претседателските избори што се одржаа на 24 ноември, Лакале Поу во вториот круг со мала разлика го победи Даниел Мартинез, кандидатот на левоориентираната коалиција „Широк фронт“, која од 2005 година досега раководеше со Уругвај.