Abdulkadir Günyol
24 Мај 2019•Ажурирај: 26 Мај 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Американската компанија за е-трговија „Амазон“, работи на уред кој може да ги разбере човековите чувства преку слушање на човековиот глас. Во случај уредот да биде успешен, се очекува дека тоа ќе овозможи голем предност во е-трговијата, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во веста на интернет-страницата „Bloomberg“ се наведува дека новиот уред на кој работи „Амазон“, благодарение на микрофонот што го поседува, ќе може да ги разбере човековите чувства.
Според информациите врз основа на работник кој работи на овој проект, бета-верзијата на уредот моментално е во процес на тестирање, а не се знае точно кои технички спецификации ги поседува тест-производот.
Се претпоставува дека оваа нова технологија ќе овозможи голема можност „Амазон“ да даде поуспешни целно ориентирани реклами и на корисниците да им предложи производи.
Компанијата моментално веќе добива бројни критики поради тоа што ги собира личните податоци на корисниците. Се претпоставува дека со пуштањето во употреба на оваа нова технологија, оваа компанија ќе се актуализира уште повеќе во врска со приватноста.
Сѐ уште е неизвесно кога „Амазон“ ќе почне да го користи овој нов проект. Исто така, големите светски компании како „Алфабет“ (Alphabet) и „Мајкрософт“ (Microsoft), развиваат технологии за разбирање на човековите чувства преку снимка, глас и други податоци.