Ata Ufuk Şeker
24 Мај 2019•Ажурирај: 26 Мај 2019
БРИСЕЛ (АА) - Илјадници луѓе во Брисел, главниот град на Белгија, протестираа со цел на изборите за Европскиот парламент (ЕП) и на сојузните избори да се даде приоритет на климатските политики, пренесува Anadolu Agency (AA).
Илјадници луѓе се собраа пред Централната железничка станица во Брисел. Протестот со наслов „Глобален штрајк за иднината“, е организиран од страна на студенти, разни синдикати и здруженија.
Демонстрантите, користејќи ги главните патишта, пешачеа неколку километра до саемскиот простор „Tour Taxis“.
Демонстрантите, кои извикуваа слогани за животната средина и носеа шарени транспаренти, побараа на изборите за ЕП и на белгиските сојузни избори да им се даде приоритет на политиките за борба против глобалното затоплување и климатските промени.
Од друга страна, во Брисел секоја недела се организираат различни протести против политиките за климатските промени.