свет

Новоизбраната влада на Велика Британија ќе го продолжи финансирањето на УНРВА за помош на Газа

„Хуманитарната помош е морална неопходност при ваква катастрофа и хуманитарните агенции се тие кои обезбедуваат поддршката на Велика Британија да стигне до цивилите на теренот“

Mehmet Solmaz  | 19.07.2024 - Обновена : 19.07.2024
Новоизбраната влада на Велика Британија ќе го продолжи финансирањето на УНРВА за помош на Газа

БИРМИНГЕМ (АА) - Британскиот министер за надворешни работи Дејвид Лами денес соопшти дека Велика Британија ќе ја прекине паузата за финансирање на Агенцијата на Обединетите нации за помош, клучното тело за испорака на помош што работи во Газа, јавува Анадолу.

Секретарот за надворешни работи пред Парламентот изјави: „Хуманитарната помош е морална неопходност при ваква катастрофа и хуманитарните агенции се тие кои обезбедуваат поддршката на Велика Британија да стигне до цивилите на теренот. УНРВА е апсолутно централна за овие напори. Ниедна друга агенција не е во состојба да достави помош во Газа во обемот што е потребен“.

Во јануари 2024 година, заедно со другите донатори, вклучително и Европската Унија и Соединетите Американски Држави, Велика Британија рече дека ќе ги паузира идните одлуки за финансирање на УНРВА како одговор на наводите дека „неколку“ вработени на УНРВА биле вклучени во нападот на Израел на 7 октомври.

Најавата ја доведе Велика Британија во линија со партнерите како што се Германија, ЕУ, Шведска, Јапонија, Франција и други донатори.

Во својата прва изјава пред Парламентот, Лами истакна дека Велика Британија ќе даде 21 милион фунти за поддршка на нејзината работа за спасувањето животи во Газа и обезбедување на основните услуги во регионот.

Денес, министерката за развој Анелиз Додс треба да се сретне со генералниот комесар на УНРВА, Лазарини, за да разговара на кој начин финансирањето ќе ја поддржи работата на УНРВА и да го осуди „убивањето на речиси 200 работници на УНРВА во конфликтот“.

Додс рече дека ситуацијата во Газа е „неподнослива и неприфатлива и дека е потребна итна акција за да се олесни страдањето на цивилите таму“.

„УНРВА е единствената агенција која може да испорача хуманитарна помош за спасување живот во потребниот обем. Но, може ефективно да работи само ако има пристап до цела Газа и ако е безбедно за персоналот на УНРВА да работи таму“, додаде таа.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.