Ekipa
24 Февруари 2020•Ажурирај: 25 Февруари 2020
ТРИПОЛИ (АА) - Меѓународно признатата Влада на национално единство на Либија денес соопшти дека властите на Обединетите Арапски Емирати од 12 јануари им испорачале сто авиони со оружје на нелегитимните сили, кои во источниот дел на Либија ги предводи Калифа Хафтар, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Најмалку сто транспортни воени авиони им доставија на силите на Хафтар речиси 6.200 тони оружје од Обединетите Арапски Емирати“, се наведува во соопштението од Триполи.
Во соопштението се наведува дека доставата на оружје доаѓала од воздушната база „Сувеихан“ во Обединетите Арапски Емирати и од базата „Асаб“ во Еритреја.
Испраќањето оружје од Обединетите Арапски Емирати е спротивно на резолуцијата 1970 на Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН), со која стриктно се забранува увоз на оружје во Либија.
Обединетите нации во извештај од 2017 година ги обвинија Обединетите Арапски Емирати за испраќање оружје на нелегитимните сили на Хафтар, кои во април минатата година започнаа напади врз Триполи, каде што се наоѓа седиштетото на меѓународно признатата Влада на национално единство на Либија.