Mohamad Misto,Muhammed Temim Hocaoğlu
29 Август 2020•Ажурирај: 30 Август 2020
АНКАРА (АА) - МУХАМЕД МИСТО -
Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) испратиле голем број агенти во Сирија со цел да пружат обука за разузнавачки техники за терористичката организација ЈПГ/ПКК.
Според информациите до кои дојде Агенција Анадолија (АА), ОАЕ во 2017 година почнале да одржуваат тајни средби со ЈПГ/ПКК, додека по оваа година испратиле и разузнавачки службеници во подрачјата под окупација на оваа терористичка организација.
Разузнавачите на ОАЕ во овој период на терористите на ЈПГ/ПКК им обезбедувале обука за шпионажа, контрашпионажа, саботажа, атентати, сигнално разузнавање, безбедност на информации и комуникациски мрежи.
Овие обуки биле одржани во Камишли, Хасека и Деир ез Зор.
Обидените Арапски Емирати (ОАЕ) обезбедиле техничка опрема за оваа терористичка организација со цел вршење разузнавачки активности.
Меѓу другото, ОАЕ формирале тајна мрежа за комуникација преку која директно комуницирале со ЈПГ/ПКК.
Новинарот на АА ги откри кодните имиња на дел од агентите на ОАЕ кои во одредени интервали патувале во Сирија и пружале разузнавачка помош за терористичката организација.
Агентот со кодно име Абдуллатиф Абдулкадир една година работел во Камишли каде давал и обука за ЈПГ/ПКК во областа на безбедноста на информации и сигнално разузнавање.
Мухамед Абдулкадир ел Шехи, друг агент на ОАЕ, во име на терористичката организација вршел атентати во Сирија.
Од друга страна, Ахмед Рашид Мухамед давал обука за припадниците на оваа терористичка организација во областа на криптологијата и комуникациските мрежи.