Ali Cura
29 Август 2020•Ажурирај: 30 Август 2020
МОСКВА (АА) – Во Русија бројот на починати од новиот тип коронавирус (Ковид-19) се искачи на 17.025, додека бројот на дијагностицирани случаи во земјата порасна на 985.346, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на рускиот Центар за контрола и спречување на ширењето на коронавирусот, во последните 24 часа во земјата откриени се 4.941 нови случаи на вирусот, со што вкупниот број на дијагностицирани случаи во Русија се зголеми на 985.346.
Во последните 24 часа од Ковид-19 починаа уште 111 лица. Со ова, вкупната бројка на починати во земјата порасна на 17.025.
Оздравеа уште 5.917 лицa, a вкупниот број на оздравени од почетокот на епидемијата во земјата се 804.383 лица.
Во Русија досега направени се над 36 милиони тестирања за Ковид-19.