Cem Genco
12 Февруари 2020•Ажурирај: 13 Февруари 2020
ХАТАЈ (АА) - Обединетите нации (ОН) во Идлиб испратија 52 шлепери со хуманитарна помош, јавува Агенција Анадолија (АА).
Шлеперите преминаа преку граничниот премин Џилвеѓозу, во турската област Хатај.
Помошта е наменета за населението во Идлиб и околните подрачја.
Обединетите нации (ОН) често испраќаат хуманитарна помош за населението во Сирија, претежно во Идлиб.
На почетокот на неделата во Идлиб беа испратени 43 шлепери со помош.