Aişe Hümeyra Bulovalı
13 Ноември 2020•Ажурирај: 15 Ноември 2020
ИСТАНБУЛ
Објавен е албумот со фотографии на меѓународниот натпревар „Istanbul Photo Awards 2020“ кој по шести пат го организира Агенција Анадолија (АА).
Во албумот со фотографии подготвен во рамки на натпреварот чиј спонзор е турската авиокомпанија „Туркиш ерлајнс“ (Turkish Airlines), се вклучени победничките фотографии определени од страна на членовите на меѓународната жири-комисија на натпреварот.
Меѓу победниците на натпреварот се истакнати и важни настани кои се случија во текот на 2019 година.
Деброа Копакен, шефот на жири-комисијата, истакна дека јасно се гледа оти победничките фотографии бараат многу време, енергија и талент.
На корицата на албумот е поставена фотографијата насловена „Протестите во Хонгконг“ фотографирана за „The New York Times“ од страна на фото-репортерот Јик Феи Лам кој ја доби и наградата „Фотографија на годината“.
Јури Козирев, членот на жири-комисијата, рече дека фотографијата избрана за Фотографија на годината, целосно ги одразува настаните во Хонгконг, и дека документира еден истакнат момент.
Изложбата со победничките фотографии на овој натпревар до 22 ноември ќе се одржи во Анкара, а потоа кон крајот на месецот фотографиите ќе бидат изложени во Истанбул.
Албумот со фотографии може да се разгледа преку интернет страницата „www.istanbulphotoawards.com“.