Büşra Nur Bilgiç Çakmak
13 Ноември 2020•Ажурирај: 13 Ноември 2020
АНКАРА
Бројот на смртни случаи од бродоломот кај либискиот брег се искачи на 100, се соопштува од Агенцијата за миграции на Обединетите нации, јавува Агенција Анадолија (АА).
Меѓународната организација за миграции (ИОМ) соопшти дека од 1 октомври се случиле осум бродоломи во Централен Медитеран.
Пловилото превезувало над 120 лица, вклучувајќи жени и деца.
Четириесет и седум преживеани се доведени на брегот од страна на крајбрежната стража и рибарите, а извлечени се 31 тело, додека потрагата по жртвите продолжува.
Оваа година најмалку 900 луѓе се удавија во Средоземното Море обидувајќи се да стигнат до европските брегови, некои поради доцнењето во спасувањето.
Повеќе од 11.000 лица се вратија во Либија, со што се изложени на ризик од прекршување на човековите права, приведување, злоупотреба, трговија со луѓе, како што е документирано од ОН.
Од ИОМ регистрираа пораст на заминувањата од земјата, при што околу 1.900 биле пресретнати и вратени, а регистрирани над 780 лица кои пристигнале во Италија од Либија.
Меѓународната организација рече дека се влошени хуманитарните услови на мигрантите затворени во пренатрупаните центри и дека широко се распространети произволните апсења и затворите, како и дека изнудата и злоупотребата се алармантни.
Oд ИОМ се додава дека Либија не е безбедно пристаниште за враќање, и се повикува меѓународната заедница и Европската Унија да преземат итни и конкретни активности „за да се стави крај на циклусот на враќање и експлоатација“.